ЕДНОКРАТНАТА ПОМОШ ОД 6.000 ДЕНАРИ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ТРОШИ И ПО 25 ДЕКЕМВРИ, ВЕЛИ ВЛАДАТА

    ЕДНОКРАТНАТА ПОМОШ ОД 6.000 ДЕНАРИ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ТРОШИ И ПО 25 ДЕКЕМВРИ, ВЕЛИ ВЛАДАТАВладина помош од 6.000 денари ќе добијат околу 300.000 граѓани со ниски приходи. (Фото: СДК.МК)

    Еднократната од 6.000 денари оние ќе ја добијат ќе може да ја користат и после предвидениот рок 25 декември 2020, вели Владата.Тие пари ќе може да се користат непречено веднаш после уплатата на сметка. До крајот на неделата, се очекува страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk  да биде ажурирана и ќе да може да се провери дали се на листата со внесување на матичен број. Владина помош ќе добијат околу 300.000 граѓани со ниски приходи.

    „Препораката за искористување на средствата до 25 декември останува со цел до крајот на годината да се инјектираат и ликвидни средства во стопанството за кус период, да се купуваат македонски производи и на тој начин да се дејствува врз раздвижување на економската активност. Доколку не беа опструкциите и блокадите во Собранието од страна на опозицијата за навремена реализација на четвртиот пакет економски мерки, граѓаните ќе беа во можност своите средства да ги користат доста порано, а со тоа и економската активност во државата ќе се подобреше порано“, вели Владата.

    Оваа мерка е од четвртиот пакет за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани. По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. За оваа мерка која ќе се реализира преку исплаќање на средствата на постоечката трансакциска сметка на граѓаните, предвидени се вкупно 27,5 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира