ЕКОНОМСКИТЕ ПРОМОТОРИ СО ИСТЕЧЕН МАНДАТ СЕ НА СЛУЖБЕН ПАТ ЗА ДА НЕ СЕ ВРАТАТ ВО МАКЕДОНИЈА

    ЕКОНОМСКИТЕ ПРОМОТОРИ СО ИСТЕЧЕН МАНДАТ СЕ НА СЛУЖБЕН ПАТ ЗА ДА НЕ СЕ ВРАТАТ ВО МАКЕДОНИЈАМинистерот за економија Крешник Бектеши (средина) беше економски промотор во Швајцарија. - Од владина седница (Фото: СДК.МК)

    За да не се вратат во Македонија, иако им е истечен мандатот, поранешната техничката влада ги водела владините економски промотори како да се на службен пат со патен налог, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев. Тој најави дека дека новата влада нема да се откаже од економска промоција на земјата во странство, но службата ќе биде видоизменета и редуцирана.

    „Мое мислење е дека треба да се задржат 18 промоторски места, но не како економски промотори, туку економски аташеа во рамките на амбасадите, како што е во секоја нормална држава“, вели вицепремиерот за европски прашања Кочо Анѓушев.

    Македонија има 33 економски промотори, на кои мандатот им е истечен во декември, 2016. Во 2016, за плати и придонеси  за 32 економски промотори од буџетот биле исплатени  вкупно 1,2 милиони евра.

    Досега медиумите пишуваа само за платите, но, во јавноста не се објавени какви други трошоци им се исплаќаат на економските промотори, и колку точно државата одвојува пари од буџетот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира