ЕКОНОМСКОТО ЗАЈАКНУВАЊЕ Е ОДГОВОР НА МНОГУ ПРАШАЊА СО КОИ СЕ СООЧУВААТ ЖЕНИТЕ, РЕЧЕ ЗОРИЦА ЗАЕВА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БУКУРЕШТ

    ЕКОНОМСКОТО ЗАЈАКНУВАЊЕ Е ОДГОВОР НА МНОГУ ПРАШАЊА СО КОИ СЕ СООЧУВААТ ЖЕНИТЕ, РЕЧЕ ЗОРИЦА ЗАЕВА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БУКУРЕШТ„Намалувањето на родовиот јаз во платите, на макроекономско ниво, може да придонесе за поголем економски раст. Затоа треба да биде јасно: економското зајакнување е одговорот на многу од прашањата со кои се соочуваат девојките и жените“, рече Зорица Заева, на конференција „Улогата на жените во модерното општество - помеѓу јакнење, лидерство и родовата дискриминација“, која се одржа во Букурешт. (Фото: Влада на РСМ)

    Девојките и жените имаат апсолутно еднакво право да напредуваат во нивните кариери, на работните места и да бидат избрани на највисоките работни позиции, рече Зoрица Заева, сопругата на премиерот Зоран Заев, на конференција „Улогата на жените во модерното општество – помеѓу јакнење, лидерство и родовата дискриминација“, која се одржа во Букурешт, Романија.

    Заева на оваа конференција присуствуваше на покана на романската премиерка Виорица Данчила, а во рамки на претседавањето на Романија со Советот на ЕУ.

    Зорица Заева на Конференцијата во Букурешт присуствуваше на покана на романската премиерка Виорица Данчила, а во рамки на претседавањето на Романија со Советот на ЕУ. (Фото: Влада на РСМ)

    „Девојките и жените имаат апсолутно еднакво право да напредуваат во нивните работни кариери и да бидат избирани на највисоки работни позиции. Нема никаква причина да биде поинаку. Намалувањето на родовиот јаз во платите, на макроекономско ниво, може да придонесе за поголем економски раст. Затоа треба да биде јасно: економското зајакнување е одговорот на многу од прашањата со кои се соочуваат девојките и жените“, рече Заева.

    Фокусот за кој се зборуваше на конференцијата беа стратешките европски и меѓународни документи кои на краток и долг рок треба да ја елиминираат родовата дискриминација и нееднаквост, но и да ја подигнат свеста за сите форми на насилство врз жената и да се создаде средина за еднаков развој и учество на жените во општеството, политиката и приватниот сектор.

    Заева на конференцијата зборуваш за заложбите кои Владата и мерките кои ги презема за намалување на насилството врз жените и девојките.

    „Донесовме јасни и недвосмислени законски решенија со коишто се спречува насилството и се штитат жените жртви на насилство. Ја ратификувавме Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, така наречената Истанбулска конвенција. Ги унапредуваме сите потребни услуги за поддршка и заштита на жените жртви на насилство. Кога жените губат – сите губиме“, истакна Зорица Заева на конференцијата во Букурешт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира