На распит во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) дојде Јана Станисављева, поранешната директорка на пропаднатата компанија „Медиа принт Македонија“ (МПМ), во чиј склоп беа згаснатите дневни весници „Вест“, „Дневник“ и „Утрински“ и магазинот „Теа Модерна“.
Станисављева, дознаваме, е повикана во својство на осомничена за лажен стечај, за злоупотреби на средства на доверители во износ од неколку милиони евра и за други дела.
Таа влезе со адвокатот Антонио Апостолски и не сакаше да даде изјава.
По неа, околу пладне треба да пристигне вториот осомничен, ексдиректор на МПМ Срѓан Керим. И тој како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК е осомничен за истите кривични дела.
С. К. ДЕЛЕВСКА