ЕКСДИРЕКТОРОТ НА СТРУШКИОТ ЗАТВОР ШАЌИРИ ПОД ИСТРАГА СТАНА ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ

    ЕКСДИРЕКТОРОТ НА СТРУШКИОТ ЗАТВОР ШАЌИРИ ПОД ИСТРАГА СТАНА ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕВладата пред два дена го разреши Арменд Шаќири од директор на струшкиот затвор по негово барање. Неофицијално, Шаќири е разрешен по полициската акција во Струга и околината на 7 јули кога беа приведени неколку лица за дрога и рекет. Шаќири беше викнат на информативен разговор во МВР поради можна злоупотреба на службена положба со поддржување на нелегални активности.- Општина Струга (СДК.МК)

    Разрешениот директор на струшкиот затвор Арменд Шаќири ќе биде нов директор на новоформираното струшко јавно претпријатие Паркови и Зеленило. Одлуката поминала на Советот на Општина Струга.

    Тој за медиумите демантираше дека бил дел од криминална група осомничена за трговија со оружје и рога.

    „По наредба на Основниот суд имаше контрола во затворот и јас дадов исказ, но не како осомничен, туку како управител одговорен за установата“, изјави Шаќири за Телевизијата 24.

    Извори од МВР потврдуваат дека Шаќири сè уште е под истрага.

    Владата пред два дена го разреши Арменд Шаќири од директор на струшкиот затвор по негово барање.

    Неофицијално, Шаќири е разрешен по полициската акција во Струга и околината на 7 јули кога беа приведени неколку лица за дрога и рекет. Шаќири беше викнат на информативен разговор во МВР поради можна злоупотреба на службена положба со поддржување на нелегални активности.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира