ЕКСПРЕМИЕРОТ НА ШКОТСКА АЛЕКС САЛМОНД Е ПОЧИНАТИОТ ПРЕДАВАЧ НА ШКОЛАТА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ ВО ОХРИД

    ЕКСПРЕМИЕРОТ НА ШКОТСКА АЛЕКС САЛМОНД Е ПОЧИНАТИОТ ПРЕДАВАЧ НА ШКОЛАТА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ ВО ОХРИДСалмонд, кој ја водеше Шкотската националистичка партија помеѓу 1990 и 2000, а потоа повторно меѓу 2004 и 2014, беше истакната фигура во националистичкото движење во земјата. (Фото: Гети)

    Поранешниот премиер на Шкотска Алекс Салмонд почина на 69-години, додека држеше предавање на Школата за млади лидери во Охрид, потврди Канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, кој е организатор на Школата.

    На Салмонд за време на предавањето му се слошило и паднал. Од Министертвото за внатрешни работи (МВР) за САКАМДАКАЖАМ ја потврдија веста. Велат дека дополнително ќе се утврдуваат причините за смртта.

    „Во СВР Охрид денеска во 15.30 часот е пријавено дека во хотелот ‘Инекс Горица’ ненадејно починало лице од Шкотска. Странскиот државјанин држел предавања на Школата за млади лидери, кога му се слошило. Дополнително ќе се утврдуваат причините за смртта“, велат од МВР за САКАМДАКАЖАМ.

    Итната медицинска помош, полицијата и основен јавен обвинител констатирале смрт, а по направената обдукција ќе се знаат причините на смртта.

    Школата за млади лидери се одржува коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.

    Салмонд, кој ја водеше Шкотската националистичка партија помеѓу 1990 и 2000, а потоа повторно меѓу 2004 и 2014, беше истакната фигура во националистичкото движење во земјата. Поранешниот пратеник, кој ја водеше земјата меѓу 2007 и 2014 година.

    Во вториот мандат како премиер го одржа референдум за независност на Шкотска во 2014. Кампањата „Да Шкотска“ беше поразена и поради тоа тој поднесе оставка.

    Салмонд поднесе оставка од Шкотската националистичка партија во 2018, а подоцна ја формираше Алба партијата за независност во 2021.

    Следните години понекогаш беа незгодни за неговите поддржувачи и обожаватели. Неговата одлука да води емисија на поранешниот канал „Раша тудеј“ уреднички контролиран од Кремљ на Владимир Путин, беше извор на критики и срам за неговата партија. Емисијата беше суспендирано во февруари 2022 по руската инвазија на Украина. Една година подоцна програма со истиот формат тој почна да се емитува на турската јавна телевизија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира