ЕКСТЕЛОХРАНИТЕЛОТ НА ГРУЕВСКИ ДЕЈАН МИТРЕВСКИ-УРКО ПРЕДИЗВИКА СООБРАЌАЈКА, ТЕШКО ПОВРЕДЕН МОТОРЦИКЛИСТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕКСТЕЛОХРАНИТЕЛОТ НА ГРУЕВСКИ ДЕЈАН МИТРЕВСКИ-УРКО ПРЕДИЗВИКА СООБРАЌАЈКА, ТЕШКО ПОВРЕДЕН МОТОРЦИКЛИСТ

    Поранешниот телохранител на Никола Груевски додека беше премиер, Дејан Митревски-Урко, кој сега е полицаец во Шестата управа на МВР, ноќеска предизвикал сообраќајна несреќа во Скопје. Несреќата се случила четириесетина минути по полноќ, на булеварот Борис Трајковски во населбата Кисела Вода, кога Митревски со автомобил, марка „бмв“ удрил во моторцикл, чиј возач, 22-годишно момче, е тешко повредено во несреќата. Според МВР, момчето е неконтактибилно и е во животна опасност,а  веднаш по несреќата е префрлено во Градската хируршка болница „Наум Охридски“ со тешки телесни повреди.

    Во билтенот на МВР стои дека возачот на „бмв-то“ е со иницијали М. Д. (43), од Скопје.
    „На 27 јули 2016 година, во 00.40 часот во Скопје, на булевар Борис Трајковски, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (43) од Скопје и мотоцикл „хонда цбр“ без регистарски ознаки, управуван од С.А. (22) од Скопје. Во незгодата, тешки телесни повреди добил возачот на мотоциклот, кој со возило на итна медицинска помош бил префрлен во Градска општа болница „Наум Охридски“. Истиот е неконтактибилен и се наоѓа во животна опасност. Увид извршила екипа на СВР Скопје“, стои во белешката за случајот во денешниот билтен на МВР.
    Според сведоци на настанот, Митревски кој со колата движејќи се од Чешма кон Рампа сакал на дупла полна линија да сврти полукружно и удрил во мотоциклистот кој доаѓал од спротивен правец и заедно завршиле во излогот на „Солета“.
    Дејан Митревски-Урко беше телохранител на Груевски од неговото стапување на функцијата премиер во 2006, а беше сменет во август, 2014 со образложение „поради недоволна посветеност на професионалните обврски и непочитување на професионалните стандарди поврзани со угледот на вработениот, како и поради намален фокус на обврските“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари