ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈА НА ПАТИШТАТА ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН, ТЕМА НА ДВОДНЕВНИОТ САМИТ100 ШТО ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО СКОПЈЕ

    ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈА НА ПАТИШТАТА ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН, ТЕМА НА ДВОДНЕВНИОТ САМИТ100 ШТО ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО СКОПЈЕЖивко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид АД“ Скопје и претседател на управниот одбор на САМИТ100 со Јелена Радуловиќ, програмски директор на самитот најавија дека годинава главна тема ќе биде поврзувањето на земјите од Југоисточна Европа во повеќе области. (Фото: СДК.МК)

    Електрификација на патиштата од регионот на Западен Балкан за да се воведат електромобили, ќе биде една од темите за која ќе се разговара на дводневниот САМИТ100 за бизнис лидери од Југоисточна Европа, кој ќе се одржи на 16 и 17 овој месец во Скопје. Овој самит се оддржува по шести пат.

    „Едисон проектот со кој е предвидено на патиштата во регионот да се стават полначи за електромобили за да може полека да се воведуваат електрични автомобили и од една страна да ја заштитиме животната средина, а од друга страна да фатиме приклучок кон европските стандарди. Овој проект беше договорен на петиот самит, што се одржа во Сараево. Се надеваме дека ќе може да се реализира овој проект и по 2020 година веќе да се исфрлат од употреба возилата на дизел или другите кои не се во догласност со европските стандарди“, рече Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид АД“ Скопје и претседател на управниот одбор на САМИТ100.

    Тој кажа дека од соработката што ја воспоставиле компаниите од регионот на претходните самити на пример градежните компании од Босна и Херцеговина полесно дошле до работа на пазарите во арапските земји, а компаниите од Србија на пазарот во Русија.

    На бизнис самитот ќе се разговара како регионот да се претстави како место каде има добра храна и пијалоци, потоа за развој на туризмот, за дигатално поврзување и како тоа да му помогне на регионот во развојот.

    Еден од главните говорници на годинешниот самит е еврокомесарката за транспорт Виолета Булц, а ќе учествуваат и претставници од водечките компании во регионот како што се: Хадрија, АСА Груп, Атлас Фондација, Атлантик Груп, горење, БМВ, Подравка, Филип Морис, ББИ, Убер, Бамби, како и претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициска банка (ЕИБ)и Светска банка.

    За крај на самитот предвиден е и премиерски панел на кој ќе учествуваат премиерите: Зоран Заев од Македонија, Денис Звиздиќ од БИХ, Душко Марковиќ од Црна Гора, Рамуш Харадинај од Косово, Еди Рама од Албанија, а можно е да дојде и Андреј Пленковиќ од Хрватска.

    „Сакам да му се заблагодарам на премиерот Зоран Заев кој се вклучи во организација на самитот со тоа што ги покани премиерите од земјите од регионот да дојдат. Сметам дека ќе биде значајно да се чуе мислењето на првите луѓе од земјите од регионот за тоа како тие гледаат на ова спојување“, рече Мукаетов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира