ЕЛЕМ ГО ПОНИШТИ ТЕНДЕРОТ ЗА РЕК БИТОЛА НА КОЈ УЧЕСТВУВАШЕ КОМПАНИЈАТА НА ВИЦЕПРЕМИЕРОТ АНЃУШЕВ

    ЕЛЕМ ГО ПОНИШТИ ТЕНДЕРОТ ЗА РЕК БИТОЛА НА КОЈ УЧЕСТВУВАШЕ КОМПАНИЈАТА НА ВИЦЕПРЕМИЕРОТ АНЃУШЕВОд ЕЛЕМ велат дека тендерот целосно го поништиле оти понудените цени во четири ЛОТА се повисоки од планираниот буџет за нив. - Вицепремиерот Кочо Анѓушев

    АД „Електрани Македонија“ соопшти дека го поништиле тендерот за набавка на гумени ленти за РЕК Битола, на кој учествуваше и компанијата „Фероинвест“, каде еден од сопствениците е и вицепремиерот Кочо Анѓушев.

    Од ЕЛЕМ велат дека тендерот целосно го поништиле бидејќи на последната, трета аукција, понудените цени во четири ЛОТА се повисоки од планираниот буџет за нив, а во еден ЛОТ понудената цена е повисока од реалната на пазарот.

    „Ако на оваа одлука нема жалби од учесниците на тендерот и ако одлуката за поништување стапи на сила, веднаш ќе распишеме нов тендер, бидејќи гумените ленти потребни за транспорт на материјалот, се неопходни за да може РЕК Битола непречено да работи“, велат од ЕЛЕМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира