ЕСМА ИСПРАТЕНА СО АПЛАУЗ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕСМА ИСПРАТЕНА СО АПЛАУЗ

    Есма Реџепова денеска беше испратена со едноминутен аплауз на погребот на градските гробишта во Бутел откако кралицата на ромска музика почина вчера на 73-годишна возраст по кусо и тешко боледување.

    violeta

    Колешката Виолета Томовска се прости од Есма на денешниот погреб. (Фото: СДК.МК)

    На погребот, кој помина скромно и тивко, присуствуваа нејзиното семејство, блиски пријатели, колеги и љубители на нејзината музика, меѓу нив и Виолета Томовска, Ферус Мустафов, Ибуш Ибраимовски…

    Во Советот на Град Скопје утрово беше отворена книга на жалост за Есма Реџепова. Граѓани се потпишуваат во книгата на жалост, а таму се одржа и комеморативна седница, додека на местото каде седеше Есма како советничка во градското собрание беше оставена бела ружа.

    Ферус Мустафов

    И Ферус Мустафов беше на погребот на Есма. (Фото: СДК.МК)

    Есма е носител на титулата Национален уметник на РМ од 2013, а на 30 октомври годинава во Торонто беше промовирана монографија за нејзината 55-годишна кариера. Монографијата е посветена на Есма, на нејзиниот покоен сопруг Стево Теодосиевски и ансамблот „Теодосиевски“ и на сите генерации музичари што тие ги одгледале.

    Годинава Есма имаше бројни настапи меѓу кои најистакнати беа оние во Конгресната библиотека и Кенеди центарот во Вашингтон во рамките на турнејата низ САД, а на крајот на август пееше и на хуманитарниот концерт за поплавените во скопско.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира