ЕУ Е НЕФЕР КОН АЛБАНИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ВО СРБИЈА ЌЕ ИМААТ ИСКРЕН ПРИЈАТЕЛ ВО МИНИ ШЕНГЕН, ВЕЛИ ВУЧИЌ

    ЕУ Е НЕФЕР КОН АЛБАНИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ВО СРБИЈА ЌЕ ИМААТ ИСКРЕН ПРИЈАТЕЛ ВО МИНИ ШЕНГЕН, ВЕЛИ ВУЧИЌЈа разбравме пораката да не очекуваме ништо од никого - Рама, Заев и Вучиќ на прес-конференција во Охрид во октомври 2019. (Фото: СДК.МК)

    Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави дека на 29 јуни ќе има важен состанок со македонскиот и албанскиот премиер, Зоран Заев и Еди Рама, откако завчера ЕУ донесе одлука да не почне пристапни преговори со двете земји поради бугарското вето.

    „Мислам дека тоа е нефер кон Тирана и кон Скопје, како и кон граѓаните и луѓето кои ги водат тие земји. Во Србија ќе имаат искрен пријател и со нив ќе ја унапредуваме соработката и сакам да најавам дека на 29 јуни ќе имаме многу важна видеоконференција со премиерите Заев и Рама“, рече Вучиќ.

    Состанокот е за иницијативата наречена Мини Шенген и Вучиќ се надева дека тројцата заеднички ќе обезбедат најбрз можен проток на стока, капитал, луѓе и услуги.

    За српскиот претседател е од голема важност да се воведе систем на работни дозволи и оние што ќе добијат дозвола на територијата на една земја да имаат дозвола за секоја од земјите.

    „На граѓаните на Северна Македонија и Албанија им посакувам сè најдобро и се надевам дека и тие како нас ќе продолжат на европскиот пат, но добро ја разбравме пораката дека мораме да градиме најблиски односи и станеме посилни и да не очекуваме ништо од никого, туку да веруваме во себеси и да ги туркаме нашите земји напред“, рече Вучиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира