Западнобалканската мигрантска рута сè уште е жива, иако е со помал интензитет, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на брифингот со дипломатскиот кор на Регионалната иницијатива за миграција.
„По официјалното затворање на рутата, се појавија голем број на криумчари на мигранти и сè почесто мигрантите се нивни жртви, а неретко се жртви и на трговија со луѓе“, рече Спасовски.
Проблемот со мигрантите, според Спасовски биле високо на агендата на министерството за внатрешни работи, и Европската унија го идентификувала Западен Балкан како влезна порта за мигрантите.
Во 2015 и првата половина на 2016 година, околу еден милион лица транзитирале низ Македонија, од кои околу 200 од нив побарале азил во Македонија.