ЕУ И САД ГИ ПОВИКАА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ДА ЈА ОСИГУРААТ НЕЗАВИСНОСТА НА СЈО

    ЕУ И САД ГИ ПОВИКАА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ДА ЈА ОСИГУРААТ НЕЗАВИСНОСТА НА СЈОЕУ и САД ги поттикнуваат сите парламентарни политички партии и почитувани членови на Собранието позитивно да го земат предвид усвојувањето на законот со кој се регулира статусот на СЈО. - Од прес-конференција на СЈО (Фото: СДК.МК)

    САД се сложува со Европската унија дека капацитетите и независноста на Специјалното јавно обвинителство треба да биде осигурана, соопшти Амбасадата на САД во Скопје, откако претходно денеска се огласи Делегацијата на ЕУ во Скопје.

    „Јавното обвинителство и Специјалното јавно обвинителство се клучни за напорите на Северна Македонија за гонење и борба против корупцијата и за враќање на довербата на јавноста во независен правосуден систем. САД се сложуваат со Делегацијата на ЕУ дека нивните капацитети и независност треба да бидат осигурани“, соопшти Американската амбасада.

    Делегацијата на ЕУ соопшти дека е од огромна важност СЈО да продолжи со гонењето на оние кои се одговорни, на сторителите, и тоа да го прави на професионален начин и независно.

    Оттаму ги поттикнуваат сите парламентарни политички партии и почитувани членови на Собранието позитивно да го земат предвид усвојувањето на законот.

    „Ова ќе им ја покаже на граѓаните, како и на меѓународната заедница, посветеноста за утврдување одговорност за сите кривични дела, особено за корупцијата на високо ниво и злоупотреба на моќ, но и за зајакнување на владеењето на правото во Република Северна Македонија. Исто така, ќе придонесе кон исполнување на желбата на граѓаните за фер општество, засновано на правила, што всушност е суштината на процесот на проширување на Европската Унија“, соопшти на Делегацијата на ЕУ.

    Европската унија, се вели во соопштението, ги следи одблиску подготовките за измена на Законот за јавно обвинителство, кои имаат за цел да го вклучат функционирањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) како составен дел од Јавното обвинителство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира