Европската комисија засега не потврдува дали политичките лидери в петок во Виена ќе имаат средба со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит и со еврокомесарот за проширување, Јонаес Хан.
– Не можеме да го потврдиме состанокот, но секако комесарот Хан е во постојан контакт со политичките лидери во земјата, европратениците и со Делегацијата на ЕУ и со клучните партнери, како што се САД, за да разговараме за начини за решавање на кризата и да осигураме дека лидерите ќе продолжат да го имплементираат Договорот од Пржино и приоритетните реформи – вели Коцијанчич.
Сепак, портпаролката на Хан не ја исклучува можноста за средба.
– Кога и каде точно ќе се одржи средбата засега не е потврдено. Комесарот Хан е подготвен итно да се сретне со лидерите. Тие мора да покажат подготвеност да ја вратат земјата на евроатланскиот пат – рече Коцијанчич.