ЕУРОЛИНК НУДИ СЕМЕЈНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ЛЕКУВАЊЕ ВО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕУРОЛИНК НУДИ СЕМЕЈНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ЛЕКУВАЊЕ ВО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВО

    Еуролинк Осигурување почна да нуди нов продукт за приватно здравствено осигурување – Семејно Приватно Здравствено осигурување, со кое се овозможува здравствена заштита на целото семејство во приватни здравствени установи во Македонија и во Европа, меѓу кои се Систина, Ремедика, Филип Втори, Неуромедика и др.

    Со овој фамилијарен пакет се покриваат голем број на здравствени услуги и тоа: прегледи, лечење на тешки заболувања и рак, хируршки интервенции, но и најразлични специјалистички постапки. Семејното приватно здравствено осигурување покрива и трошоци за превентивни прегледи кои луѓето може да ги користат без претходно индицирана состојба и по своја желба кога сакаат да посетат гинеколог, стоматолог, офталмолог или да направат лабораториски преглед.

    Продуктот Семејно Здравствено Осигурување се нуди преку три пакети на ризици- – Основен за 1800 денари месечно, Комфорт од 2000 денари и Премиум кој што чини 3350 денари.

    Еуролинк во сите пакети вклучува лечење на малигни заболувања со најсовремени лекови кои се достапни во моментот на лекувањето како и лекови и процедури кои допрва ќе се имплементираат во светот. Потоа, тука спаѓаат и сите специјалистички и дијагностички постапки, вклучително и патологија, Х-зраци, КТ-скен, MRI-скеновите PET-скенови, хируршка операција, болнички материјали, лекови и завои пропишани од страна на лекар, ангажиран болнички персонал, хирург, специјалист, анестезиолог, користење интензивна нега, користење на операциона сала и импланти.

    Со семејното здравствено осигурување сите осигуреници добиваат директна исплата на трошоците за лекување во приватните болници по избор на клиентот. Полисата овозможува и заштеда доколку не се искористи здравствената услуга во текот на осигурителниот период. Попустот на основната премија во износ од 6000 денари се пресметува како попуст на премија при обнова на полисата од претходниот период.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира