ЕВЕ ГО КАЈ Е ОКТОМВРИ, РЕЧЕ ЕВРОПРАТЕНИКОТ ЕДУАРД КУКАН ЗА ДАТУМОТ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

    ЕВЕ ГО КАЈ Е ОКТОМВРИ, РЕЧЕ ЕВРОПРАТЕНИКОТ ЕДУАРД КУКАН ЗА ДАТУМОТ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУНе ги сакам сите изјави на Ангела Меркел секогаш, но оваа дека ќе ја искористи сета своја политичка тежина Република Северна Македонија да добие датум за преговори со ЕУ во октомври, ми се допаѓа, рече Кнут Флекенштајн а прес конференцијата со неговите колеги Едуард Кукан и Иво Вајгл - (Фото: К. Попов)

    Германскиот европратеник Кнут Флекенштајн по завршувањето на новата рунда покровителство во меѓупартиските дијалози при иницијативата Жан Моне, рече дека изјавата на канцеларката на Германија Ангела Меркел дека ќе направи се за да добиеме датум за преговори со ЕУ во октомври, му се допаднала.

    “Не ги сакам сите нејзини изјави секогаш, но оваа нејзина изјава дека ќе ја искористи сета своја политичка тежина Република Северна Македонија да добие датум за преговори со ЕУ во октомври, ми се допаѓа. Ако рекла така, таа имала причина да го каже тоа. Се надевам дека во септемвр, октомври Северна Македонија ќе го добие датумот за почеток на преговорите”, рече Флекенштајн во Собранието.

    Неговиот кокега Иво Вајгл жали што се пролонгира овој момент за неколку месеци и кажа:

    „Не е готово. Ништо не е готово. И ова одлагање е само еден од почетоците на вашето приближување кон ЕУ. Септември и октомври се многу блиску. Датумот кој ќе го обележи процесот на почетокот на преговорите е болен процес на усогласување на стандардите со тие на земјите членки на Унијата“, рече Вајгл.

    Едуард Кукан, пак, потсети дека времето лета. Рече “Еве го кај е октомври” и укажа дека од цел Западен Балкан, само нашето Собрание функционира.

    Кукан во тоа гледа можност реформите непречено да се спроведуваат.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари