ЕВРООБВРЗНИЦА НЕМА ДА ИМА ПРЕД РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ, А МОЖЕ И ВООПШТО ДА НЕМА, КАЖА ТЕВДОВСКИ

    ЕВРООБВРЗНИЦА НЕМА ДА ИМА ПРЕД РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ, А МОЖЕ И ВООПШТО ДА НЕМА, КАЖА ТЕВДОВСКИМинистерот за финансии Драган Тевдовски и ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар на денешното потпишување договори за грант од ИПА програмата за рурален развој. (Фото: МИА)

    Министерот за финансии Драган Тевдовски кажа дека Владата нема да издаде еврообврзница пред да се направи ребаланс на буџетот и додаде дека е можно воопшто да не издадат еврообврзница. Тој рече дека активно работат на подготовка на ребаланс на буџетот и дека со него ќе се скрати комодитетот на луѓето на власт, а ќе се добие прагматичен буџет. Ваков буџет, според Тевдовски, е потребен поради обврските што ги има државата кои се таложени со години, а истовремено да има можност и за реформи.

    „Евроообврзиница нема да биде издадена пред ребалансот. Ги оценуваме можностите и можеби ќе оцениме и еврообврзница да не издадеме. Гледаме кои се можностите од аспект на доброто на граѓаните, односно да плаќаат пониски стапки. Во моментов цената на некоја еврообврзница би била поевтина отколку што се плаќаше во минатото. Ги разгледуваме можностите за задолжување на домашниот пазар, каде има сериозен вишок на ликвидност, но ги разгледуваме и можностите за надворешно задолжување “, рече Тевдовски на потпишување договори за грант од ИПА програмата за рурален развој.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира