ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ОСТАНУВА ЦВРСТО НА ПРЕПОРАКАТА ДА СЕ ОТВОРАТ ПРЕГОВОРИ СО МАКЕДОНИЈА

    ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ОСТАНУВА ЦВРСТО НА ПРЕПОРАКАТА ДА СЕ ОТВОРАТ ПРЕГОВОРИ СО МАКЕДОНИЈАМинистерот за надворешни работи Никола Димитров и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји се сретнаа на маргините на состанокот на Вишеградската група во Прага на 27 февруари. (Фото: Твитер)

    Европската комисија цврсто останува на препораката за отворање пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија, кажа денеска во Брисел еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, на презентација на новите извештаи за напредокот на двете земји.

    „По прифаќањето на ревидираната методологија за пристапниот процес во февруари, ние денеска ги презентираше новите извештаи за Албанија и Северна Македонија. Двете земји ја засилија работата и испорачаа видливи и одржливи резултати во клучните области идентификувани во заклучоците на Европскиот совет во јуни 2018. Европската комисија цврсто стои на препораката да се отворат пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија и се надеваме дека земјите членки ќе донесат позитивна одлука во наредите недели“, изјави Вархеји.

    Во случајот на Северна Македонија, како што соопшти Европската комисија, извештајот за напредокот покрива значителни чекори преземени да се зајакне независноста на правосудството, вклучувајќи го неодамнешното усвојување на ревидираниот Закон за Јавно обвинителство. Извештајот покажува подобрување во борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и напредок во реформата на разузнавачките служби и јавната администрација.

    По позитивната препорака од Европската комисија во мај 2019, Европскиот совет ја одложи својата одлука во јуни и потоа во октомври 2019, пред да реши да се наврати прашањето за проширувањето пред Самитот во Загреб во мај 2020.

    На Советот за општи работи во март 2020 се очекува да се дискутира за политиката на проширување базиран на ревидираната методологија, како и напредокот на Албанија и Северна Македонија.

    Хрватскиот министер за надворешни работи Горан Грлиќ Радман денеска во Скопје рече дека неговата посета коинцидира со позитивниот извештај за реформскиот напредок на земјава, додавајќи дека е тоа многу важен настан и позитивен знак дека Северна Македонија оди во добра насока.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира