ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЈА ПОВИКА УНГАРИЈА ДА ГО ЕКСТРАДИРА ГРУЕВСКИ

    ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЈА ПОВИКА УНГАРИЈА ДА ГО ЕКСТРАДИРА ГРУЕВСКИ„Зошто Орбан го крие македонскиот бегалец?“ - Постер во Будимпешта со насловната страница на весникот ХВГ од 22 ноември (Фото: З. Панзов)

    Европскиот парламент го усвои извештајот за напредокот на Македонија на патот кон членство во ЕУ и во него се најде повик до Унгарија да го екстрадира избеганиот осуден експремиер Никола Груевски. Во извештајот на известувачот за Македонија Иво Вајгл беа вметнати амандмани на Социјалдемократите и на Зелените со кои се бара Унгарија да го врати Груевски во Македонија.

    За резолуцијата гласаа 470 европратеници, а против беа 116.

    Во амандманот на Зелените е наведено дека Груевски побегнал од Македонија со дипломатска помош од Унгарија за да избегне затворска казна и овој потег се смет како мешање во внатрешните работи на Македонија како и чин на презир кон судството и владеењето на правото во земјата.

    Европскиот парламент нема надлежност околу екстрадицијата и станува збор за политичка порака и јавен притисок врз Унгарија, но без обврзувачка сила.

    Груевски избега во Унгарија откако требаше да се пријави во затворот во Шутка на 9 ноември на издржување на двегодишната затворска казна за предметот на СЈО „Тенк“, а на 20 ноември кажа дека добил политички азил од унгарските власти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира