ФАРМАЦЕВТСКИОТ ФАКУЛТЕТ ЌЕ СОРАБОТУВА СО ШАНГАЈСКИОТ ИНСТИТУТ ЗА ТРАДИЦИОНАЛНА МЕДИЦИНА НА ПРОЕКТИ ЗА ОТКРИВАЊЕ НОВИ ЛЕКОВИ

    ФАРМАЦЕВТСКИОТ ФАКУЛТЕТ ЌЕ СОРАБОТУВА СО ШАНГАЈСКИОТ ИНСТИТУТ ЗА ТРАДИЦИОНАЛНА МЕДИЦИНА НА ПРОЕКТИ ЗА ОТКРИВАЊЕ НОВИ ЛЕКОВИФармацевтскиот факултет при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ потпиша меморандум за соработка со Шангајскиот институт материја медика при Кинеската академија на науки за размена на студенти и наставен кадар, за соработка на научни и истражувачки проекти (Фото: МИА)

    Фармацевсткиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Шангајскиот институт за материја медика при Кинеската академија на науките денес потпишаа меморандум за соработка, со кој се овозможува размена на знаења, размена на студенти и наставен кадар, како и можност за научна соработка. Деканката на Фармацевтскиот факултет Светлана Кулеванова рече дека оваа соработка отвара голема можност и за факултетот, но и за Универзитетот и дека очекува во иднина дека ќе работат на конкретни проекти и задачи.

    Шангајскиот институт материја медика се занимава со проучување на растенија, хербални препарати и традиционална медицина, а професорот Јaнг Је од Шангајскиот институт кој ја предводи кинеската делегација рече дека има можности за работа на проекти за откривање нови лекови.

    „Очекуваме дека во иднина ќе имаме конкретни задачи, конкретни проекти на кои ќе можеме да покажеме колку знаеме и колку можеме и каде навистина ќе можеме да ги искористиме огромните можности кои Универзитетот Шангај медика ги има на располагање“, рече Кулеванова.

    Соработката меѓу Фармацевтскиот факултет и Институтот се воспоставени од претходно и веќе има наши студенти кои се на докторски студии таму.

    Ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Mетодиј“ Никола Јанкуловски рече дека оваа соработка е многу значајна и дека се надева оти ќе продолжи и во иднина.

    „Со денешното потпишување на меморандум за соработка меѓу Шангајскиот институт материја медика, кој преставува огранок на Кинеската академија на наука и уметности и нашиот Факултетот за фармација се отвора широка можност за размена на полето на науката, на полето на студенстки и наставен кадар и за заедничка соработка на разни научни проекти, разни постдипломски и докторски студии“, рече Јанкуловски.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира