ФАТИМЕ ФЕТАИ ИМАЛА ЛЕСНА СООБРАЌАЈКА И НЕ Е ПОВРЕДЕНА, ВЕЛИ МВР

    ФАТИМЕ ФЕТАИ ИМАЛА ЛЕСНА СООБРАЌАЈКА И НЕ Е ПОВРЕДЕНА, ВЕЛИ МВРСообраќајката се случила пред неколку часа, пред Судска палата во Скопје. Фетаи била во службеното возило што го возел нејзиниот возач, а била упатена на приемот во Американската амбасада (Фото: СДК.МК)

    Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи вечерва имала лесна сообраќајка, но не е повредена, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од МВР.

    Според  неофицијални полициски извори, сообраќајката се случила пред неколку часа, пред Судска палата во Скопје. Фетаи била во службеното возило што го возел нејзиниот возач, а била упатена на приемот во Американската амбасада.

    МВР ова го води како лесна сообраќајка која како таква не е заведена во службениот билтен.

    Веднаш по настанот, Фетаи заедно со специјалната обвинителка Катица Јанева и колегите од СЈО дојде на приемот во Американската амбасада по повод Денот на независноста на САД  – 4 Јули.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира