ФАТИМЕ КАЗНЕТА ОД СУДИЈКАТА ЗА ЦИТАТ НА ЈАНКУЛОСКА ОД БОМБИТЕ ЗА УБАВИНАТА НА УШКОВСКИ

    ФАТИМЕ КАЗНЕТА ОД СУДИЈКАТА ЗА ЦИТАТ НА ЈАНКУЛОСКА ОД БОМБИТЕ ЗА УБАВИНАТА НА УШКОВСКИ

    Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи беше казнета со 1.000 евра од судијката Татјана Михајлова за изјавата: „Не сум дојдена судијке да ве видам колку сте убава“ за време на вчерашното судење на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за насилствата во Општина Центар и нарачување шамари за градоначалникот Андреј Жерновски во 2013 година.

    Изјавата на Фетаи е цитат на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која во бомбата на опозицијата за партиските вработувања, во разговор со тогашниот претседател на Собранието Трајко Велјановски вели: „Не сме го стаиле зошо е најубав таму“ за претседателот на Судскиот совет Бранко Ушковски.

    На вчерашното судење, Фетаи, која на судењата доаѓа со сваровски обетки, доби уште една казна за „елементарно непочитување на судот“ од 1.000 евра од Михајлова, која е и в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1. Две казни од по 1.000 евра доби и специјалната обвинителка Катица Јанева.

    Откако изрече четири казни за Јанева и Фетаи, судијката Михајлова го прекина судењето.

    Во продолжение се два разговори од опозициските бомби меѓу Гордана Јанкулоска и Трајко Вељаноски:

    1. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Трајко Вељаноски

    ТВ: Ама овој Ушковски сеа до вчера ние како да кажам…

    ГЈ: Абе Ушковски ти го помина на Собрание сега…

    ТВ: Абе не да го поминав уште ќе не тепаат, дека …како да кажам…нема ништо врска со судство го ставаме во Судски совет…

    ГЈ: Општински со се поминато партиски…

     

    1. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Трајко Вељаноски

    ГЈ: Кој ни го предложи, да не беше од…

    ТВ: Чаир бе Чаир, Ристе, Ристе…

    ГЈ: А така да да…

    ТВ: …и премиерот му се јави на Ристе …

    ГЈ: Ристе Ристе Новачевски, така точно во право си…

    ТВ: Му се јави премиерот дали…

    ГЈ: Да човекот у ЦУК МУК некаде таму работеше, точно во право си…

    ТВ: Да…

    ГЈ: И го избуткавте…

    ТВ: Од општинскиот од Чаир, од општинскиот…

    ГЈ: Абе како може така ние не сме го стаиле зошо е најубав таму…

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира