ФАТИМЕ НА ГЛАВНИОТ, БЕТИ СЕ СКРИ НА ЗАДНИОТ ВЛЕЗ НА СУДОТ ЗА РАСПИТОТ ЗА „ТЕНДЕРИ“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ФАТИМЕ НА ГЛАВНИОТ, БЕТИ СЕ СКРИ НА ЗАДНИОТ ВЛЕЗ НА СУДОТ ЗА РАСПИТОТ ЗА „ТЕНДЕРИ“

    Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи утрово дојде во Основниот суд Скопје 1 за распитот на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска за случајот на СЈО „Тендери“. Таа, за разлика од министерката која влезе на задниот влез за да се скрие од камерите, пристигна на главниот влез во Судот, заедно со нејзиниот колега од СЈО Стевчо Донев.

    Министерката Канческа-Милевска е првоосомничена од четворицата осомничени во случајот „Тендери“, што Специјалното јавно обвинителство го објави минатиот четврток. Специјалното јавно обвинителство уште пред една недела испратило барање до судот на двајца осомничени во случајот да им бидат одземени пасошите и еднаш неделно да се јавуваат кај службено лице во судот.

    „Тендери“ се однесува на склучување договор меѓу Министерството за култура и правното лице „Бетон Штип“ за извршување завршни градежни работи на Музејот на ВМРО. Покрај првоосомничената министерка за култура Канческа-Милевска, осомничени се и три други лица од Комисијата за јавни набавки од истото министерство. СЈО ја сомничи министерката дека уште пред да биде распишан тендер, на 20 јуни, 2011 на бившиот директор на компанијата, сведок во СЈО, му рекла да не чека, да гради, оти условите за тендерот министерството ги мести за најповолен понудувач да биде „Бетон Штип“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира