Специјалната обвинителка Катица Јанева го одби барањето на обвинетите за изземање на колегите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, кои го застапуваат нејзиното обвинение во „Титаник 3“.
Одбраната на обвинетите тоа го побараа затоа што Јанева и Фетаи се скарале во четвртокот, поради тоа што Јанева наредила претрес и на Фетаи кога минувала преку влезната врата на СЈО.
- КАТИЦА ЈАНЕВА ЌЕ ОДЛУЧУВА ДАЛИ ДА ЈА ИЗЗЕМЕ ФАТИМЕ ФЕТАИ ОД „ТИТАНИК 3“ ЗАШТО СЕ ИСКАРАНИ
- КООРДИНАТОРОТ НА ДУИ ЕЈУП АЛИМИ И СОПАРТИЕЦОТ ИСМЕТ ГУРИ ВО „ТИТАНИК 3“ ПОБАРАА ДА СЕ ИЗЗЕМЕ ФАТИМЕ ФЕТАИ ЗАШТО Е СКАРАНА СО КАТИЦА ЈАНЕВА
Во „Титаник 3“, за уништување изборен материјал се обвинети координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими и сопартиецот Исмет Гури за време на локалните избори во 2013 година во Чаир.
Судењето е при крај, на следното рочиште се очекуваат завршни зборови.
С. К. ДЕЛЕВСКА