„ФИЧ“ ГО ПОДОБРИ КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ НА МАКЕДОНИЈА, ЗАЕВ ВЕЛИ ДЕКА СЕ ПРЕПОЗНАВААТ РЕФОРМИТЕ

    „ФИЧ“ ГО ПОДОБРИ КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ НА МАКЕДОНИЈА, ЗАЕВ ВЕЛИ ДЕКА СЕ ПРЕПОЗНАВААТ РЕФОРМИТЕОд агенцијата наведуваат дека, дипломатските сигнали околу решавањето на спорот со името се позитивни и дека Македонија очекува позитивна препорака од Европската комисија и почеток на преговорите во текот на 2018 година. - Муштерија во скопски супермаркет ги проверува цените на лебот- (Фото: Ѓ. Личовски)

    Меѓународната агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Фич“, го подобри кредитниот рејтинг на Македонија, ББ од негативен во позитивен, објави агенцијата МЕТА.

    Премиерот Зоран Заев на официјалниот твитер профил напиша дека „ова се убави вести за Македонија“.

    „Реформите, фискалната политика и економските мерки се препознаени и носат позитивни резултати“, напиша Заев.

    На подобрувањето на рејтингот, како што објави „Фич“ влијаела политичката стабилизација, подобрувањето на меѓународните односи, напредокот на реформите во „план 3-6-9“, резултатот од локалните избори, активноста на Специјалното јавно обвинителство околу прислушуваните разговори.

    Од агенцијата наведуваат дека, дипломатските сигнали околу решавањето на спорот со името се позитивни и дека Македонија очекува позитивна препорака од Европската комисија и почеток на преговорите во текот на 2018 година.

    На потврдата на рејтингот ББ влијаело и оддржувањето на ниска инфлација и финансиска стабилност. Врз подобрување на рејтингот може да влијаат подобрувањето на стандардите на владеењето и понатамошното намалување на политичката неизвесност, како и имплементацијата на кредибилна среднорочна фискална консолидација и стабилизација на учеството на јавниот долг во БДП.

    Наспроти ова, врз влошување на кредитниот рејтинг може да влијаат повторувањето на политичката нестабилност, фискалната недисциплина или потенцијалните обврски, како и проширувањето на дефицитот на тековната сметка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира