Почна да се намалува рејтингот на македонските банки како последица на намалениот кредитен рејтинг на Македонија. Новинската агенција Ројтерс вечерва јави дека рејтинг агенцијата „Фич“ на една од македонските банки ѝ го намали рејтингот на „ББ+“ од „БББ-“.
Ова е последица на намалениот рејтинг на Македонија на „ББ“ од 19 август годинава. Тогаш, „Фич“ соопшти дека намалувањето на кредитниот рејтинг со натамошна негативна перспектива се должи на политичката криза Македонија, која започна со објавувањето на големи обвинувања за корупција во февруари 2015 година, пишуваше Ројтерс. Според кредитната рејтинг агенција, „обвинувањата за корупција ги потврдуваат недостатоците во стандардите на добро владеење“.