ФИЛИПЧЕ ДОБИ 4-ГОДИШЕН МАНДАТ ЗА ЛИДЕР НА СДСМ КАКО ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ НА ПАРТИСКИТЕ ИЗБОРИ

    ФИЛИПЧЕ ДОБИ 4-ГОДИШЕН МАНДАТ ЗА ЛИДЕР НА СДСМ КАКО ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ НА ПАРТИСКИТЕ ИЗБОРИФилипче рече дека СДСМ е спремна да се врати на победничката патека. (Фото: Принтскрин од видео)

    Досегашниот претседател на СДСМ Венко Филипче доби 4-годишен мандат за лидер на денешните директни внатрепартиски избори на кои беше единствен кандидат. На 78 избирачки места низ земјава од 23.720 запишани члена гласале 18.140 или 76,5% од запишаните. Од нив 18.001 член гласал за Филипче, а неважечки се 131 ливче.

    Во говорот по изборите, Филипче рече дека ќе ја обнови партијата. Кажа дека претстои тешка борба против Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Влен за која рече дека за 10 месеци не испорачала ништо што ветила и дека „понеспособна влада Македонија немала никогаш  досега“. Филипче рече дека СДСМ е спремна да се врати на победничката патека.

    Пратеникот и поранешeн министер за здравство во владата на Зоран Заев, неврохирургот Филипче првпат беше избран за лидер на СДСМ на партиските избори во јуни 2024, кои се одржаа откако Димитар Ковачевски даде оставка. Ривали тогаш му беа Јован Деспотовски и Александар Бајдевски, додека Славјанка Петровска се повлече од трката ден пред изборите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира