ФИЛИПЧЕ ГО ПОВИКА МИЦКОСКИ ДА ГИ КАЖЕ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОНУДЕНИОТ ПОТКУП

    ФИЛИПЧЕ ГО ПОВИКА МИЦКОСКИ ДА ГИ КАЖЕ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОНУДЕНИОТ ПОТКУПЛидерот на СДСМ Венко Филипче на денешниот протест на партијата за поголеми плати на наставниците пред Министерството за образование. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на СДСМ Венко Филипче вели дека Основното јавно обвинителство треба да отвори постапка по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека му бил понуден поткуп за да го потпише тендерот за изградба на пруга кон Бугарија. Филипче додаде дека во таа постапка премиерот треба да ги каже сите информации, во спротивно станува збор за соучество на Мицкоски.

    „Тоа што го изјавува премиерот е многу сериозно. ОЈО да отвори постапка и премиерот во таа постапка да ги каже сите информации. Ако тоа не се случи тоа е соучество на Мицкоски“, кажа Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на денешниот протест на партијата за поголеми плати на наставниците пред Министерството за образование.

    Филипче смета дека е чудно што за наводното мито понудено на премиерот, ниедна друга институција која треба да спроведе истрага нема информација.

    „Со ова Мицкоски докажува дека единствено што прави е политизирање и манипулација, неместо сериозна истрага и докази“, рече Филипче.

    На 27 август, Мицкоски рече дека му бил понуден поткуп за да го потпише тендерот за изградба на пругата кон Бугарија во вредност од 560 милиони евра.

    „Нудењето поткуп не оди јавно на емисија или преку документ на кој треба да се потпишеме заедно двете страни дека јас ти нудам поткуп, па ти го прифаќаш. Знаеме како оди тоа, преку канали и еве сега кажувам дека за пругата кон Бугарија имаше обид да ми биде понуден поткуп за да ја прифатам оваа тендерска документација која истекува 17 септември“, кажа тогаш Мицкоски и додаде дека „сите сите оние институции кои треба да бидат информирани, се информирани“.

    Но, веќе утредента, Мицкоски рече дека одлучил со јавност да се борам со криминалот и корупцијата, и затоа ја дал таа изјава, одговарајќи на новинарско прашање зошто нема пријава во обвинителството за понудениот поткуп.

    На 29 август, министерот за транспорт и врски Александар Николоски рече по наводите за поткуп, повлечени се членовите од комисијата за евалуација за изградба на пругата кон Бугарија

    „Токму после јавно изнесените информации што ги даде премиерот за обид за корупција, ние одлучивме да ги повлечеме членовите кои се дел од тимовите за евалуација и од делот за надзор и од делот за изведба, зашто тоа е најмалку што можеме да направиме, за да сфатат сите кои се обидуваат да направат поткуп дека со нас нема играње“, рече Николоски.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира