ФИЛИПЧЕ ГО ПОВИКА АГАТАНГЕЛ ДА ГО ПОВЛЕЧЕ ПОВИКОТ ДО ВЕРНИТЕ ЧЕДА ДА ОДАТ МАСОВНО ВО ЦРКВА ЗА ЗАДУШНИЦА

    ФИЛИПЧЕ ГО ПОВИКА АГАТАНГЕЛ ДА ГО ПОВЛЕЧЕ ПОВИКОТ ДО ВЕРНИТЕ ЧЕДА ДА ОДАТ МАСОВНО ВО ЦРКВА ЗА ЗАДУШНИЦАПовардарската Епархија на МПЦ-ОА денеска ги повика верниците од црквите во велешко, кавадаречко, неготинско и гевгелиско, масовно да ги посетат храмовите за Задушница. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за здравство Венко Филипче вели дека повикот на епископот на Повардарската епархија Агатангел верниците масовно да дојдат во црквите за Задушница е спротивен на се она што го прават здравствените власти за спречување на ширењето на заразата на коронавирус. Тој побара од епископот да го повлече повикот за да не дојде до загрозување на здравјето на граѓаните.

    „Го повикувам епископот да го повлече повикот, тој е спротивен на сѐ она што го правиме и спротивно на уредбите на Владата. Ако тоа се случи, сериозно ќе го загрози здравјето на сите таму“, кажа Филипче на промоцијата на 20 респираторни машини од донација од Европската Унија.

    Повардарската Епархија на МПЦ-ОА денеска ги повика верниците од црквите во велешко, кавадаречко, неготинско и гевгелиско, масовно да ги посетат храмовите за Задушница и да носат со себе варена пченица, црвено вино и список со своите претходно упокоени блиски роднини и пријатели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира