ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ЛИДИЈА ДИМОВА, СЕ СОМНИЧИ ДЕКА СО УШТЕ ТРОЈЦА ЈА ОШТЕТИЛЕ ЕУ ЗА 410 ИЛЈАДИ ЕВРА

    ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ЛИДИЈА ДИМОВА, СЕ СОМНИЧИ ДЕКА СО УШТЕ ТРОЈЦА ЈА ОШТЕТИЛЕ ЕУ ЗА 410 ИЛЈАДИ ЕВРАВладата на 20 октомври му препорача на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова. (Фото: Фејсбук)

    Финансиската полиција денеска поднесе кривична пријава против четири лица, вклучувајќи ја и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова, кои се осомничени дека причиниле штета во вкупен износ од 25.334.543,00 денари. Кривичната пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти Финансиската полиција.

    Кривичната пријава е поднесена и против сопственикот на Друштвото за трговија и услуги В.Е.З. Трејд, Зоран Златковски, грантист на НАЕОПМ, А.Г., надворешен советник и А.П., благајник во Агенцијата за европски образовни програми и мобилност.

    Четворицата се осомничени за кривичните дела Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама на штета на средства на европската заедница, Соизвршителство и Несовесно работење во службата.

    Владата на 20 октомври му препорача на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова, поради, како што кажаа од Владата, неетично постапување во извршувањето на нејзината функција, поврзано со индиции за несоодветно финансиско работење и за негрижа за одржувањето на имиџот на институцијата во јавноста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира