ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО ПРИВЕДЕ АНДРЕЈА ПОПОВСКИ, ЕКСДИРЕКТОР НА ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТЕР, ОСОМНИЧЕНИ УШТЕ 4 ЛИЦА

    ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО ПРИВЕДЕ АНДРЕЈА ПОПОВСКИ, ЕКСДИРЕКТОР НА ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТЕР, ОСОМНИЧЕНИ УШТЕ 4 ЛИЦАПод истрага на Управата за финансиска полиција биле неколку лица, но приведен е само ексдиректорот на Централниот регистар Андреја Поповски. (Фото: Архивска фотографија)

    Финансовата полиција го приведе поранешниот директор на Централниот регистер Андреја Поповски од Пехчево. Тој беше директор од 2014 до 2017 година. Од Финансовата полиција нема информации каков финансиски криминал направил Поповски. Всушност, нема никаква информација оттаму, приведувањето неофицијално беше потврдено од МВР, чија полиција само асистирала.

    Под истрага на Управата за финансиска полиција биле неколку лица, но приведен е само ексдиректорот Поповски.

    „Наредбата за истрага се изработува од надлежен обвинител во Скопското обвинителство. Приведено е само едно лице за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Осомничени се уште 4 лица, но тие не се приведени. Повеќе детали за овој случај ќе соопштиме утре”, ни изјавија од ОЈО Скопје.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира