ФИЗИЈАТРИ И ФИЗИОТЕРАПЕВТИ ОД ДВЕ СКОПСКИ БОЛНИЦИ ЌЕ ОДАТ ДА ПОМАГААТ ВО КОЧАНСКАТА БОЛНИЦА ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ

    ФИЗИЈАТРИ И ФИЗИОТЕРАПЕВТИ ОД ДВЕ СКОПСКИ БОЛНИЦИ ЌЕ ОДАТ ДА ПОМАГААТ ВО КОЧАНСКАТА БОЛНИЦА ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТЌе се зголемат посетите на докторите од Клиниката за пластична хирургија во Општата болница во Кочани. (Фото: СДК.МК)

    Физијатри и физитотерапевти од Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Козле и од Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје од следната недела ќе почнат да одат во Кочани да им помагаат на кочанските физиотерапевти, за да не се носат повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во овие две болници, рече денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Сашо Клековски. Тој додаде и дека ќе се зголемат посетите на докторите од Клиниката за пластична хирургија во Општата болница во Кочани.

    Во пожарот на 16 март во дискотеката „Пулс“ загинаа 62 лица, од кои 6 деца, а беа повредени околу 200 лица, од кои 25 деца, главно со тешки изгореници и повреди од вдишување чад. Над 100 пациенти беа испратени на лекување во странски медицински центри.

    „Има дел од пациенти што не сакаат да се лекуваат во Македонија, кои сакаат да го продолжат лекување во странство. Конкретно во Бугарија, станува збор за неколку пациенти од Болницата ‘Пирогов’ кои сакаат да го продолжат својот третман таму . Ние сме во комуникација со ‘Пирогов’, за да расчистиме, разјасниме неколку детали за понатамашониот третман. Немамее законски или други проблем за да бидат третирани таму каде што започнало лекувањето. Морам да истакнам дека еден од потешко  повредените кој беше на лекување во ‘Пирогов’ одлучи да се лекува на Клиниката за пластична хирругија и после 2-3 недели има подобрување“, рече Клековски, по настанот за одбележување на Светскиот ден на мултипла склероза.

    Директорот на Фондот за здравство најави и дека пред десет дена е одобрен буџет за Клиниката во Козле да набави робот за горни екстремитети и за набавка на педијатриски додатоци за роботот кој веќе се користи за третман на долни екстремитети.

    Основното јавно обвинителство Кочани денеска соопшти дека ја финализираше истражната постапка за пожарот, во чии рамки се опфатени вкупно 46 осомничени лица кои се товарат за Тешки дела против општата сигурност, согласно Кривичниот законик.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира