ФОКУС НА БРОЈОТ БОЛНИ ОД КОВИД ВО БОЛНИЦА, МЕСТО НА БРОЈОТ НОВОЗАБОЛЕНИ, ПРЕДЛАГА НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    ФОКУС НА БРОЈОТ БОЛНИ ОД КОВИД ВО БОЛНИЦА, МЕСТО НА БРОЈОТ НОВОЗАБОЛЕНИ, ПРЕДЛАГА НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИФокусот околу ковид-19 во светот се поместува од вкупни бројки на новооткриени случаи кон број на хоспитализации и оптовареност на здравствениот систем. (Фото: СДК.МК)

    Комисијата за заразни болести предлага воведување на нова методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик од ковид-19 откако е забележано зголемување на нивото на имунизирано население со вакцини и прележана болест, а поголем дел од инфекциите сега поминуваат асимптоматски или со благи симптоми.

    Од Комисијата посочуваат дека во последните недели фокусот околу ковид-19 во светот се поместува од вкупни бројки на новооткриени случаи кон број на хоспитализации и оптовареност на здравствениот систем.

    „Во овој контекст, предлагаме прифаќање на нова методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик врз основа на следните индикатори: број на новооткриени случаи во последните 7 дена на 100.000 население, број на хоспитализации во последните 7 дена на 100.000 население и процент на исполнетост на здравствени капацитети во последните 7 дена. Се предлага, според овие параметри, епидемиолошкиот ризик да биде класифициран како низок, среден или висо“, соопшти Министерството за здравство.

    За секоја од проценетите состојби се предвидува сет од мерки на индивидуално и општествено ниво.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира