ФОРМИРАНА ИНТЕРПАРТИСКА ПАРЛАМЕНТАРНА ГРУПА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ЛГБТИ ЗАЕДНИЦАТА

    ФОРМИРАНА ИНТЕРПАРТИСКА ПАРЛАМЕНТАРНА ГРУПА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ЛГБТИ ЗАЕДНИЦАТАКоординаторката на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ Маја Морачани и нејзиниот заменик Павле Богоевски. (Фото: Твитер)

    Во Собранието се формираше Интерпартиската парламентарна група која ќе работи на унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата.

    Како што информираше невладината организација ХЕРА, Интерпартиската парламентарна група ќе ги застапува и ќе работи на унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата, користејќи ги достапните механизми на Собранието за градење на општество во кое сексуалната ориентација и родовиот идентитет нема да претставуваат пречка за целосно уживање на човековите права и слободи.

    Во Групата членуваат 13 пратеници од различни политички партии и тоа, Лилјана Поповска (ДОМ), Маја Морачанин (ДОМ), Бранко Манојловски (ДУИ), и независните пратеници Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ и Ирена Стефоска, Јулијана Николова (ЛДП), Никица Корубин (ЛДП), Петар Атанасов (СДСМ), Јагода Шахпаска (СДСМ), Соња Мираковска (НСДП), Славица Шуманска Митева (СДСМ) и Александар Кирацовски (СДСМ).

    Координаторката на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето е Маја Морачанин.

    На седницата беше презентирана „Процената на знаењето, ставовите, практиките и потребите на пратениците во Собранието во врска со човековите права на ЛГБТИ луѓето и заштитата од дискриминација“, спроведена од членки на Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија во 2017 година во рамки на проектот „Собранието и локалната самоуправа во унапредувањето на правата на ЛГБТИ“ со поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира