Фоторепортерите што го следеа маршот на сексуалните работници во Скопје се солидаризираа со демонстрантите и во знак на поддршка се фотографираа со лидерката на маршот на споменикот Филип Втори, покрај мајката на Александар, Олимпија.
Со црвени чадори, симбол на сексуалната работа, во Скопје демонстрираа сексуални работници, стриптизети и стриптизери, хот лајн операторки, ескорт девојки и момци, корисници на нивните услуги, активисти за човекови права и нивни поддржувачи за да го одбележат Меѓународниот ден за стоп на насилство врз сексуалните работници.
Ова беше деветти по ред марш на македонските секуални работници, а годинашното мото е „Слободниот избор е право, а не привилегија“.