ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО АФРИМ ГАШИ СЕ ВРАЌА НА ОБВРСКИТЕ, ПУШТЕН Е ОД БОЛНИЦА СО ПРЕПОРАКИ И ЛЕКАРСТВА

    ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО АФРИМ ГАШИ СЕ ВРАЌА НА ОБВРСКИТЕ, ПУШТЕН Е ОД БОЛНИЦА СО ПРЕПОРАКИ И ЛЕКАРСТВАТој на последната средба со новинарите во понеделникот, кажа дека на почетокот на август сака да ги распише локалните избори, за крајот на октомври. (Фото: СДК.МК)

    По дводневниот престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, за да му бидат извршени испитувања и снимања поради силните грчеви во стомакот, претседателот на Собранието Африм Гаши е пуштен оттаму.

    По спроведувањето на сите потребни медицински прегледи, здравствената состојба на претседателот е добра и стабилна. Денес, г. Гаши е отпуштен од болница и ќе продолжи со своите институционални активности во согласност со медицинските препораки. Кабинетот на претседателот на Собранието изразува посебна благодарност до директорот на Клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, тимот лекари и целиот здравствен персонал за професионализмот, грижата и посветеноста покажани за време на лекувањето. Исто така, благодарност и до сите граѓани, претставници на институциите, медиумите и јавноста за нивниот континуиран интерес и поддршка“, се заблагодари денеска кабинетот, односно спикерот Гаши.

    Министерството за здравство на 23 јули соопшти дека Гаши околу полноќ бил хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија со болки во стомакот и веднаш му се направени потребните радиолошки и лабораториски испитувања, и утврдена е интестинална опструкција на тенко црево.

    Тој на последната средба со новинарите на 21 јули, кажа дека на почетокот на август сака да ги распише локалните избори за крајот на октомври.

    Гаши ги изненади присутните новинари кои овојпат ги викна во својот кабинет, со одговор на поставени прашања околу Изборниот законик и намалување број на советници во некои изборни единици каде масовно населението се исселило од Македонија.

    „Зарем е важно дали некоја партија ќе освоена повеќе или помалку еден советник? Не е поважно да си ставиме сите прст на глава и да се заперашаме – што ги натерало овие наши сограѓани да избегаат од државава? Посебно е загрижувачки што квалитетни и образовани луѓе ја напуштаат Македонија и секој треба да се загрижи кои се причините, а не дали некој ќе има плус или минус еден советник“, рече тој.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира