ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР АДЕМ ЧУЧУЉ СОБРА НАЈМНОГУ ПОЕНИ И ЌЕ БИДЕ ПРЕДЛОГ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА, ПО ОБВИНЕНИЕТО НА ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ТАТЈАНА ДИМИТРОВСКА ЗА КОРУПЦИЈА

    ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР АДЕМ ЧУЧУЉ СОБРА НАЈМНОГУ ПОЕНИ И ЌЕ БИДЕ ПРЕДЛОГ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА, ПО ОБВИНЕНИЕТО НА ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ТАТЈАНА ДИМИТРОВСКА ЗА КОРУПЦИЈАЧучуљ е дипломиран правник со положен правосуден испит. На интервјуто спроведено од Комисијата за селекција тој доби 96,5 бодови (Фото: МРТВ)

    Генералниот секретар на Антикорупциската комисија Адем Чучуљ, кој на интервјуата со уште 10 кандидати ги доби највисоките бодови во Собранието од експерти однадвор, ќе биде кандидатот за нов претседател на Комисијата.

    Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата едногласно денеска го предложи Адем Чучуљ за претседател на Државната изборна комисија за спречување на корупцијата. Предлог-одлуката на собраниската Комисија за избори и именувања ќе оди на пленарна седница која ќе се одржи на почетокот на декември.

    Чучуљ е дипломиран правник со положен правосуден испит. На интервјуто спроведено од Комисијата за селекција тој доби 96,5 бодови.

    Огласот за пријавување кандидати за претседател на ДКСК беше објавен летово откако досегашната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка по обвинението во случајот „Адитив. Таа е обвинета за оддавање податоци на еден од главните обвинети, што се смета за службена тајна, но и за фалсификување на исправа.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира