Во Собранието се одржа Комеморативна седница по повод смртта на Љубиша Георгиевски, поранешен претседател на Собранието.
Претседателот на Собранието Талат Џафери во говорот рече дека во политиката Георгиевски влегува со сиот свој интелектуален капацитет, но и со сиот немир и страст што го носи театарот и драмската уметност.
„Во неговиот мандат како претседател на Собранието започна размислувањата и идеите за промена на Деловникот и тоа во правец на поголема ефикасност на законодавната власт и нејзината вистинска независност во однос на другите гранки на власта. Таа негова тогашна иницијатива не резултираше со успех и тоа е нешто што и тој самиот го призна како политичар со развиено чувство на одговорност, кој има храброст да каже што направил а што не успеал, меѓутоа треба да се има на ум дека секоја идеја, секое размислување, има потреба од период на растење, развивање и зреење“, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната Комеморација во Собранието.
Љубиша Георгиевски во 1994 година учествува на претседателските избори, а во 2006 година е избран за пратеник и потоа за претседател на Собранието.
На Комеморацијата присуствуваше и семејството на Љубиша Георгиевски.
Г. ТРПЕНОСКИ