ГЕРИЛА НА ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ВО БИТОЛА – ПЕРАЛНА КАЈ „КОЈНО НА ФИЛИП“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГЕРИЛА НА ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ВО БИТОЛА – ПЕРАЛНА КАЈ „КОЈНО НА ФИЛИП“

    Нова герила акција на битолската Шарена револуција. Фонтаната со штитот на Филип Втори на плоштадот Магнолија, битолските демонстранти ноќта помеѓу понеделник и вторник ја наполнија со пена и порачаа „за почиста Битола, затворете го градоначалникот, ова е перална кај којно“. Во пената ставија пасош и над него напишаа „за 2 че (Двојче) извини шо се видовме“.

    Герила акцијата следуваше откако на битолскиот градоначалник Кривичниот суд во Скопје му го одзеде пасошот како мерка за обезбедување. СЈО бараше да му биде изречена мерка притвор како првоосомничен за случајот „Транспортер“, но ваквото барање беше отфрлено и му беше изречена поблага мерка.

    Талески и група директори на училишта, превозници и соработници од општината се осомничени дека организирале школски превоз за учениците далеку поскап од реалните цени.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари