ГЕРИЛСКА ОПОМЕНА ДА СЕ КОСИ ТРЕВАТА НА АВТОПАТИШТАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:47:"Маврово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГЕРИЛСКА ОПОМЕНА ДА СЕ КОСИ ТРЕВАТА НА АВТОПАТИШТАТА

    Во герилска акција, покрај автопатот кон Маврово денеска се поставени картонски фигури на луѓе што косат, на кои пишува: „Неискосената трева крај патот го зголемува ризикот од несреќи“.

    Активистите кои ги поставиле велат дека сакаат да го опоменат јавното претпријатие „Македонија пат“ дека треба да се косат високите треви покрај патиштата, бидејќи неискосената трева и џбуновите кои растат до самиот раб на патот ја намалуваат прегледноста и ги загрозуваат учесниците во сообраќајот. Во акцијата им оставиле и неколку коси на „Македонија пат“.

    Македонските патишта, според статистиките што ги цитираат активистите, се меѓу најнебезбедните во Европа. Според анализите на германската асоцијација за безбедност на сообраќајот ADAC, неискосените површини со трева или џбунови повисоки од 40 см ја зголемуваат веројатноста за сообраќајни несреќи на двонасочните патишта со 2 или 3 ленти за дури 30 до 40 отсто.

    Акцијата е поддржана од швајцарскиот фонд Цивика мобилитас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари