ГЕРМАНИЈА ДОНИРАШЕ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВРЕДНА 16 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ПОЛИКЛИНИКАТА ВО ШУТО ОРИЗАРИ

    ГЕРМАНИЈА ДОНИРАШЕ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВРЕДНА 16 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ПОЛИКЛИНИКАТА ВО ШУТО ОРИЗАРИДонацијата денеска ја предаде германската амбасадорка Анхе Холштајн. (Фото: К. Попов)

    Германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн денес предаде донација вредна 16 илја евра во Поликлиниката во Шуто Оризари.  Станува збор за медицински материјал, кој е донација од Амбасадата на СР Германија преку Здружението на граѓани Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп.

    „Со овој проект со кој го поддржуваме Здравствениот дом во Шуто Оризари предаваме различна опрема во вредност од 16 илјади евра за заштита на пациентите и медицинскиот персонал. Оваа донација е по иницијатива на Сојузната Влада за време на германското претседателство во Советот на Европската Унија за помош на земјите од Западен Балкан за помош при пандемијата од ковид-19. Со оглед на состојбите, главен акцент на нашето претседателство беше справувањето со пандемијата и нејзините последици. Овде во регионот на Западен Балкан имаме партнери кои во борбата можат да се потпрат на нас. Особено ни е важно што преку овие проекти можеме да помогнеме на ранливите групи граѓани. Германија досега го поддржа регионот со 15 милиони евра. ЕУ има вложено 3 милијарди евра, во кои Германија учествува со скоро една третина“, кажа амбасадорката Холштајн.

    Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека со оваа донација се набавува значајна опрема за оваа поликлиника и се зголемува и пристапот и квалитетот на здравствена заштита во смисла на заштитни маски и кислородни маски.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира