ГЕРМАНИЈА ГО ПОВИКА ИВАНОВ ДА ЈА КОРИГИРА ОДЛУКАТА ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Берлин,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГЕРМАНИЈА ГО ПОВИКА ИВАНОВ ДА ЈА КОРИГИРА ОДЛУКАТА ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ

    Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел вели дека е загрижен поради влошената политичка ситуација во Македонија и го повика претседателот Ѓорге Иванов да ја преиспита одлуката да не му го даде мандатот за формирање влада на досегашниот лидер на опозицијата, иако тој го има собрано потребното мнозинство во парламентот, соопшти германското МНР.

    „Тоа е во спротивност со демократските принципи и европските вредности на кои се обврза земјата. Го повикувам Иванов да ја преиспита одлуката и да ja коригира во интерес на граѓаните на земјата“, кажа Габриел за време на денешната посета на Украина.

    Габриел додава дека Германија стои зад јасната порака што Високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини ја упати вчера до политичките лидери и претставниците на македонското граѓанско општество во Скопје.

    „Ги повикувам сите во Скопје, кои имаат политичка одговорност, да се однесуваат одговорно во вжештената домашна клима, да ја омекнат реториката и да направат сè што е во нивна можност да спречат судири меѓу луѓето“, порача Габриел.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира