ГЕРМАНИЈА ГО ПОЗДРАВИ ДОГОВОРОТ И ПОРАЧА СЈО НЕПРЕЧЕНО ДА РАБОТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГЕРМАНИЈА ГО ПОЗДРАВИ ДОГОВОРОТ И ПОРАЧА СЈО НЕПРЕЧЕНО ДА РАБОТИ

    Министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер го поздрави договорот за одржување предвремени избори во Македонија и порача дека СЈО мора да продолжи со својата работа за да се засили довербата на македонското население во демократските институции.

    „Сега е клучно, договорот за понатамошното постапување до изборите да се спроведе веродостојно и брзо и на тој начин да се избегне понатамошно заостанување на земјата на патот за приближување до ЕУ“, стои во изјавата на Штајнмаер што ја објави германската амбасада во Скопје.

    Тој вели дека „останува важно, Специјалното јавно обвинителство да може непречено да продолжи со својата работа за разјаснување на обвинувањата за злоупотреба на моќта, за повторно да се засили довербата на македонското население во демократските институции на земјата“.

    Штајнмаер им се заблагодари на еврокомесарот Хан и неговиот тим како и на неговиот специјален пратеник Јоханес Хајндл, кои со своето посредништво значително придонеле за успехот на партиските разговори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира