Германија не очекува македонските политичари да ги игнорираат пораките на еврокомесарот Јоханес Хан, кој вчера порача дека во демократија мора да се почитува парламентарното мнозинство и дека очекува брзо формирање влада.
„Не очекувам такво нешто“, одговори германската амбасадорка Кристине Алтхаузер на новинарско прашање како ќе постапи Германија ако политичарите ја игнорираат пораката на Хан.
Алтхаузер, која денеска беше на пуштањето на еко билбордот во центарот на Скопје за прочистувањето на загадениот воздух, им порача да македонските политичари да го направат тоа за што се избрани и да најдат компромисно решение, бидејќи тоа е нормално во политиката.
„Вчера како што знаете, овде беше еврокомесарот Хан и го покажа големиот интерес на меѓународната заедница и на ЕУ за оваа земја, да ја врати Македонија на патот кон интеграцијата во ЕУ и НАТО. Само можам да го повторам она што го кажа тој, а тоа е дека има парламентарно мнозинство и дека треба да се продолжи кон формирањето влада“, кажа германската амбасадорка.