ГЕРМАНИЈА ОЧЕКУВА НОВАТА ВЛАДА ДА МУ ОВОЗМОЖИ НА СЈО ДА ПРОДОЛЖИ СО РАБОТА

a:1:{s:9:"td_source";s:22:"Берлин,(МИА)

    ГЕРМАНИЈА ОЧЕКУВА НОВАТА ВЛАДА ДА МУ ОВОЗМОЖИ НА СЈО ДА ПРОДОЛЖИ СО РАБОТА

    Германија очекува по изборите во Македонија владата да се формира брзо, а СЈО да продолжи со работа, јави државната агенција МИА.

    Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер во соопштение испратено од неговото министерство порача дека „на земјата и се потребни итни убедителни резултати во областите на владеење на правото, јавната администрација како и во слободата на медиумите и изразувањето“.

    „Специјалното Јавно обвинителство мора да биде во можност да продолжи со својата работа без пречки со цел да открие и да казни злоупотреба на моќ и власт“, се вели во соопштението на германското МНР.

    Според официјален Берлин ова е предуслов за граѓаните да ја вратат довербата во државните институции и единствен начин земјата повторно да се врати на патот на евроатланските интеграции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира