Претставници на Германската амбасада во Скопје го одбележаа 11 Октомври со положување венци на споменикот Ослободители на Скопје пред Владата и на Спомен костурницата во Куманово.
„Во знак на сеќавање на народното востание од 1941 година против фашистичкиот режим, Германската амбасада положи венци на спомениците во Куманово и Скопје. Да не се повтори“, напиша амбасадорката Анке Холштајн на социјалните мрежи.
Денеска низ Македонија се одбележуваше 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ. Пред 81 година на 11 октомври, со нападот на македонските партизани на бугарскиот участок во Прилеп почнува Народноослободителна борба против бугарскиот, италијанскиот и германскиот фашистички окупатор.