ГЕРМАНСКИОТ ПРАТЕНИК ХАЈНДЛ ТРЕТ ПАТ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ГЕРМАНСКИОТ ПРАТЕНИК ХАЈНДЛ ТРЕТ ПАТ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА

    Германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл во вторник повторно ќе допатува во Македонија, јавува агенцијата Мета.

    Тој ќе се сретне со лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино.

    На Хајндл ова ќе му биде трета посета на Македонија за нешто повеќе од еден месец. При последната посета на 19 мај тој побара да се обезбеди непречена работа на Специјалното јавно обвинителство, а сите осомничени од аферата со прислушкувањето да одговараат.

    Тој нагласи дека сите политички партии треба да вложат напор за да ги спроведат потребните реформи затоа што нема многу време.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари