ГЕРМАНСКИТЕ ПОЗИЦИИ ОСТАНУВААТ ИСТИ, МАКЕДОНСКОТО ЕВРОПСКО ДОСИЕ ЌЕ БИДЕ КЛУЧЕН ПРИОРИТЕТ ЗА НОВАТА МИНИСТЕРКА ЗА ЕВРОПА АНА ЛИРМАН

    ГЕРМАНСКИТЕ ПОЗИЦИИ ОСТАНУВААТ ИСТИ, МАКЕДОНСКОТО ЕВРОПСКО ДОСИЕ ЌЕ БИДЕ КЛУЧЕН ПРИОРИТЕТ ЗА НОВАТА МИНИСТЕРКА ЗА ЕВРОПА АНА ЛИРМАННовата германска државна министерка за Европа Ана Лирман на средбата со Никола Димитров потврдила дека Северна Македонија ги исполни сите услови за почеток на пристапните преговори со ЕУ, поради што нејзиното дејствување ќе биде решително насочено кон остварување на оваа заедничка стратешка цел. (Фото: Секретаријат за европски прашања)

    Никола Димитров денеска беше прв странски гостин на државната министерка за Европа Ана Лирман. Средбата беше остварена на вториот ден од стапувањето на министерската функција во новата германска влада предводена од канцеларот Олаф Шолц, во знак на континуитет на германските позиции во нивното делување за Европа базирана на вредности и принципи и фокусот на македонското европско досие како клучен приоритет, велат од кабинетот на вицепремиерот за европски прашања.

    Лирман на средбата потврдила дека Северна Македонија ги исполни сите услови за почеток на пристапните преговори со ЕУ, поради што нејзиното дејствување ќе биде решително насочено кон остварување на оваа заедничка стратешка цел.

    Димитров, пак, кажал дека македонскиот случај е критично важен за позицијата на ЕУ во регионот во услови кога европскиот сон е разнишан, и многу важно за исполнување на целите на новата германска влада, меѓу кои е и Западниот Балкан.

    „Македонското општество е подготвено за реформскиот процес за да ја доведеме дома истата Европа која што вие ја живеете, тоа е задача на нашата генерација. Почетокот на пристапните преговори ќе ја насочи енергијата кон иднината и ќе нé направи победници во справувањето со современите предизвици како што се климатските промени и надминувањето на економскиот јаз преку продлабочена соработка, наместо кон минатото кое влече назад и во кое сите сме губитници. Нашиот случај е критично важен за позицијата на ЕУ во регионот во услови кога европскиот сон е разнишан, и многу важно за исполнување на целите на новата германска влада, меѓу кои е и Западниот Балкан“, рекол вицепремиерот на средбата со Лирман.

    На 14 декември во Брисел ќе има состанок Советот за општи работи на ЕУ, на кој треба да се донесе одлука околу почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ. Бугарската влада, која досега го блокираше почетокот на преговорите, завчера објави дека нема промена на бугарските позиции во пресрет на состанокот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира