ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ ДА РАБОТАТ НА ВРАЌАЊЕ НА ЕВРОАТЛАНСКИОТ ПАТ, ПОРАЧАА МОГЕРИНИ И ХАН

    ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ ДА РАБОТАТ НА ВРАЌАЊЕ НА ЕВРОАТЛАНСКИОТ ПАТ, ПОРАЧАА МОГЕРИНИ И ХАНМогерини и Хан повторуваат дека очекуваат наскоро да се формира влада која ќе биде посветена на имплементирање на сите делови од Договорот од Пржино, како и на реформските приоритети(Фото:СДК.МК)

    Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска ја поздравија одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да го ревидира својот став и го додели мандатот за составување нова влада, јави агенцијата “Мета“.

    „Ја поздравуваме одлуката на претседателот Иванов да му го додели мандатот за формирање влада на господинот Заев, што претставува важен чекор во процесот на формирање влада. Се надеваме дека овој конструктивен дух ќе продолжи да надвладува за државата конечно да излезе од политичката криза“, стои во заедничкото соопштение на Могерини и Хан.

    Могерини и Хан повторуваат дека очекуваат наскоро да се формира влада која ќе биде посветена на имплементирање на сите делови од Договорот од Пржино, како и на реформските приоритети.

    „Ги повикуваме сите парламентарни партии да ги стават своите разлики настрана и заеднички да работат на заедничката реформска агенда, да ја вратат земјата на евроатлантскиот пат. Луѓето го заслужуваат тоа. Ние сме подготвени да ја поддржиме владата во нејзините реформски напори“, стои во заедничката изјава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира