ГИ УНАПРЕДУВАМЕ ОДНОСИТЕ НИЗ ГРИЖА ЗА МАЛЦИНСКИТЕ ПРАВА, КАЖАА ЗАЕВ И РАМА ВО ПУСТЕЦ

    ГИ УНАПРЕДУВАМЕ ОДНОСИТЕ НИЗ ГРИЖА ЗА МАЛЦИНСКИТЕ ПРАВА, КАЖАА ЗАЕВ И РАМА ВО ПУСТЕЦПремиерите Заев и Рама заедно запалија свеќи во црквата „Свети Архангел Михаил“, каде што Заев остави лична донација. (Фото: Влада на РМ)

    Премиерот Зоран Заев, заедно со албанскиот премиер Еди Рама, денеска ги посетија Македонците од општината Пустец, а двајцата се сретнаа и со заменик-градоначалникот и советниците на општината. Претставниците од Општина Пустец на двајцата премиери им ги соопштиле приоритетите за кои очекуваат поддршка, меѓу кои е и реновирањето на училиштето. Премиерот Рама се обврзал дека школото ќе биде реновирано и оти општината ќе добие поддршка во комуналните проекти и проектите за локален развој што беа посочени на средбата.

    Премиерот Заев му се заблагодарил на Рама, за грижата што ја покажува за граѓаните во Албанија со македонско етничко потекло.
    „Ова е начин да ги отвораме и да ги решаваме прашањата. Присуството на двајцата први луѓе на извршната власт во Македонија и во Албанија, тука во Пустец е голема симболика за унапредувањето на односите меѓу двете земји, бидејки малцинските заедници се мостот на таа соработка, и грижата за нив е од големо значење“, рече Заев, додавајќи дека двете држави се европски ориентирани и подготвени да ги негуваат малцинските права.

    Заев на состанокот со локалните власти во Пустец, најавил дека и Владата на Република Македонија ќе помогне во решавањето на прашањата што се од важност за жителите со македонско етничко потекло во Албанија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира